Дома Трансфер зона Барселона тргнува по ѕвездата на Лион

Барселона тргнува по ѕвездата на Лион

Барселона има големи планови за наредното лето и сака сериозно да го засили тимот, особено средниот ред.

Во медиумите најчесто се споменуваат имињата на Френки де Јонг од Ајакс и Адриен Рабио од ПСЖ, но Каталонците имаат и резервна опција.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Конкуренцијата за Де Јонг е огромна, а последните информации се дека Холанѓанецот би можел да се пресели во Манчестер Сити.

Адриен Рабио е слободен агент на крајот на сезоната и наводно ја избрал понудата на Барселона, но клубот од „Камп Ноу“ го следи и неговиот сонародник од Лион, Танги Ндомбеле.

21-годишниот Ндомбеле се етаблираше во еден од најперспективните играчи за врска во Европа и веќе дебитираше за француската репрезентација, па е на радарот на многу европски гиганти.

Француските медиуми тврдат дека Ндомбеле е на радарот на Барселона која внимателно ги следи неговите настапи, па би можел да пристигне на „Камп Ноу“ следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…