Дома Фудбал Англија ФОТО: Оваа фотографија ја покажува генијалноста во играта на Манчестер Сити!

ФОТО: Оваа фотографија ја покажува генијалноста во играта на Манчестер Сити!

Maнчестер Сити во последните две години практично е недопирлив во Премиер лигата.

Тимот на Гвардиола минатата сезона го освои првенството со 19 бодови преност, а оваа сезона има предност од два бода и изгледаат навистина убедливо. Сити воодушевува со начинот на игра и притисокот кој го создава на противникот, а Гвардиола минатата сезона објасни зошто неговиот тим е толку добар.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Тоа всушнот е многу едноставно. Ако сакате да играте вака како што играме ние, а бековите секогаш се држат на бочните позиции, нема шанси да ги контролирате контранападите.

Никакви шанси. Ако играте вака како ние со згуснат среден ред, тогаш можете многу полесно да се организирате и да се поставите во одбраната. Затоа играме со толку кратки пасови. Кога ќе ја додадеш топката на неколку метри, помала е шансата да ја изгуиш“, објасни тогаш Пеп.

Овие денови поратлот „Taciticplatform.com“ oбјави одлична графика од начинот на играта на сите клубови во Премиер лигата. На неа се гледа најчестата формација на тимот со топката, со полните линии означени се додавањата тимот најчесто ги одигрува.

Кај скоро сите екипи со исклучок на Сити, Арсенал, Ливерпул и одличниот Бурнемоут, тешко може да се определи како тимот игра, додека кај овие екипи тоа е повеќе изразено. Сепак, графиката на Сити е фасцинантна.

Тимот совршено е поставен на теренот и сите играчи имаат јасно дефинирани позиции. Сити совршено ја држи формацијата и не престанува да го „меле“ противникот со поседот. Против ваков тим скоро неверојатно е да се браните.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…