Левиот бек на Јувентус и бразилски репрезентативец, Алекс Сандро отворено призна дека сака да игра во Премиер лигата.
Алекс Сандро во неколку наврати беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед и Челзи, но сепак остана во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот има договор со „старата дама“ до 2020 година и доколку не го продолжи до лето ќе влезе во последната година од договорот и Јувентус ќе мора да го продаде.
„Среќен сум во Италија, но би сакал еден ден да играм во Премиер лигата“, јасен беше Алекс Сандро.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус решил да не му понуди нов договор и следното лето Бразилецот ќе биде ставен на трансфер листа, а неговата цена изнесива околу 50 милиони евра.
Покрај Манчестер Јунајтед и Челзи интерес за него покажува и Пари Сент Жермен.
Alex Sandro: I have a desire to play in the Premier League https://t.co/eckhSck5nf pic.twitter.com/OBlK3dVjXv
— Cleansheet (@Cleansheet) November 20, 2018