Дома Фудбал Останато Дерби на денот: Можат ли гостите до изненадување против европскиот шампион?

Дерби на денот: Можат ли гостите до изненадување против европскиот шампион?

За крај на овогодинашниот циклус во Лига на нации ни останува дуелот помеѓу Португалија и Полска. Ова е дуел кој нема апсолутно никакво значење, бидејќи Португалците уште пред ова коло го обезбедија првото место, додека Пољаците се заковани на дното.

Португалија: Домаќините играат одлично и без првите ѕвезди!

Фудбалерите на Португалија со триумф го завршија циклусот наречен Лига Нации, бидејќи во својата група ја зазедоа лидерската позиција и тоа пред Италијаните и Пољаците. После ремито во Италија, минатиот викенд, беше јасно дека никој не може да им го конфискува првото место на Португалците.  Португалија го твори натпреварување со победа на домашен терен против Италија и уште тогаш покажаа дека имаат големи амбиции.  За овој натпрвар очекуваме тренерот Сантош да им даде шанса на некои послаби фудбалри, а треба да се додаде дека поради суспензија нема на теренот да ги видеме Невес и Марио Руи.

Полска: Оваа екипа не личи на себе!

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


За разлика од Португалците, Пољаците потполно потфрлија во Лигата на нации и затоа се на последното место на табелата. Нив ќе продолжиме да ги гледаме, но во група Б, а може да се кажи дека и кризата на Пољаците им започна порано, односно за време на Мундијалот. Од тогаш дури пет натпревари не знаат за победа, а треба да се додаде дека и во пријателските натпревари не се ништо подобри. Најдобра игра прикажаа во Италија кога примија гол во судиското продолжение, но како и да е тие немаат успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах за првпат призна: Со Мане бевме далеку од блиски!

Мохамед Салах и Садио Мане на теренот беа смртоносен тандем, но надвор него не беа воопшто…