Во текот на вчерашниот ден стана јасно дека Џиакомо Бонавентура поради тешката повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната, но „росонерите“ имаат големи проблеми со повреди и во одбраната.
Бразислскиот стопер Родриго Каио и во минатото се поврзуваше со Милан, но според „Калчомеркато“ вчера неговиот менаџер Ник Аркури слетал во Милано.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Наводно, Аркури пристигнал на преговори со директрот на Милан, Леонардо околу потенцијален трансфер на својот клиент. Доколку преговорите бидат успешни, се очекува Милан на Сао Паоло да му исплати сума од 10 милиони евра.
Многу веројатно е Милан да го доведе Каио на позајмица со опција за откуп на крајот од сезоната, со оглед на тоа дека италијанскиот клуб мора да внимавма и на финансискиот фер плеј.
Иначе, 25 годишниот Каио од 2011 година е член на првиот тим на Сао Паоло. Запиша и четири настапи за првиот тим на Бразил, беше член на олимписката репрезентација на својата земја.
https://www.youtube.com/watch?v=btFQlzQHpS8