Дома Фудбал Останато Португалија домаќин на финалето во Лигата на нации!

Португалија домаќин на финалето во Лигата на нации!

Португалија ќе биде домаќин на првото финале во Лига на нации, објави УЕФА на својата официјална интернет страница.

Организацијата ќе биде официјализирана на 3-ти декември на средба на управното тело на УЕФА. Според најавеното, „фајнал-форот“ ќе се игра на „Драгао“ во Порто и „Алфонсо Енрике“ во Гимараеш.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Полуфиналните средби се закажани за на 5 и 6 јуни, додека финалето и мечот за трето место ќе се играат на 9 јуни и во нив ќе учествуваат победниците во четирите групи во дивизија „A“.

Покрај Португалија, кандидати за полуфиналињата и финалето беа и Италија и Полска, но истите не успеаја да обезбедат плеј-оф и автоматски завршницата ќе ја добие Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…