Играчот за врска на Зенит и аргентински репрезентативец, Леандро Паредес сака кариерата да ја продолжи во Милан и веќе се договорил со „росонерите“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Паредес ги договил личните услови со миланскиот гиганти и сака по секоја цена да го напушти Зенит во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега останува двата клуба да се договорот околу висината на трансферот, а Зенит за неговата слобода бара 30 милиони евра.
Тоа може да биде проблем за „росонерите“ кои веќе инвестираа 35 милиони евра за бразилската ѕвезда Пакета, но сакаат да го комплетираат и трансферот на Паредес.
Спортскиот директор на Милан, Леонардо ќе се обиде да постигне договор со рускиот клуб така што трансферот да почне да се исплаќа од следното лето и тоа на три рати.
Полсе повредите на Биглиа и Бонавентура, Милан сигурно ќе го засили средниот ред во зимскиот преоден рок.
Zenit have officially named the price tag of their star. Leandro Paredes will not leave Russia unless Milan offer 30 million euros. (Tuttosport) pic.twitter.com/tXE7KkaDjL
— AC Forza Milan/News (@ACForzaMilano) November 13, 2018