Дома Македонски спорт Мак ракомет Meталург минимално поразен на гости во Турција

Meталург минимално поразен на гости во Турција

Тимот на Металург денес запиша пораз во натпреварот од осмото коло од Лигата на шампионите против Бешикташ со резултат 22:23.

Металург добро го отвори натпреварот и неколку пати стигнуваше до предност, за во продолжение домаќинот да направи предност и да стигне до максималната предност од три гола разлика 9:6.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тимот од Автокоманда не се откажа, па до полувремето успеа да изедначи на 12:12.

И во вторите 30 минути гледавме слична игра, на крајот победата ја однесе турскиот тим со 23:22.

Најдобар стрелец на натпреварот беше ракометарот на Бешикташ Рамазан Дон со девет постигнати погодоци, додека кај Металург по пет постигнаа Анте Рокиќ и Марио Танкоски.

Металург после овој пораз останува на последната позиција во групата Ц со два освоени бодови после осум кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…