Дома Фудбал Англија Валенсија потврди дека е „жртва“ на Мурињо

Валенсија потврди дека е „жртва“ на Мурињо

Антонио Валенсија тврди дека неговото отсуство од стартниот тим на Манчестер Јунајтед е чиста тактичка одлука на тренерот Мурињо.

Пред извесно време Мурињо изјави дека Валенсија е повреден и дека не е спремен за игра, но Еквадорецот денес го демантираше „Специјалниот“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Валенсија е повреден и не може да тренира со тимот. Тој работи напорно во салата, но без топка и не со тимот. Се уште не е подготвен“, изјави Мурињо.

Валенсија самиот се стави во неповолна ситуација откако минатиот месец имаше „лајкнато“ пост на кој се бараше оставка од Жозе Мурињо, па се претпоставува дека тоа е причината за отсуството.

„Во овој момент не играм многу, но тоа повеќе е од тактичка одлука на тренерот, отколку од тоа што беше пренесено. Играчот на моето место се справува добро и јас треба да ја почитувам одлуката на менаџерот. Она што можам да го направам е да продолжам да тренирам за да сум на располагање, кога тимот има потреба од мене. Мирен сум и знам дека мојата шанса ќе дојде, изјави Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул зема сосема неочекувано засилување од 70.000.000 евра

Во тек на преговорите со Lucarel Hertruida кој сакаше да ја прекине својата позајмица во С…