Дома Фудбал Ван Нистерлој заменил дрес со играч на Сити, а потоа добил лекција од Фергусон!

Ван Нистерлој заменил дрес со играч на Сити, а потоа добил лекција од Фергусон!

Сер Алекс Фергусон е човекот кој го издигна Манчестер Јунајтед меѓу најголемите клубови во светот, а после неговото заминување клубот се соочува со големи проблеми.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, откри една интересна случка меѓу Алекс Фергусон и Руд Ван Нистелрој веднаш по поразот од Манчестер Сити во 2002 година.

Ван Нистелрој по мечот со еден противнички играч си го разменил дресот, а потоа Фергусон му одржал лекција.

„Овие дресови не се подаруваат. Тоа се мои дресови, тоа се клупски дресови и никако твои. Ти ги носиш привремено и тоа не е твоја сопственост да ја подаруваш“, му рекол Фергусон на Ван Нистелрој.

„Фергусон ни забрани да ги разменуваме дресовите во домашните натпревари и истакна дека подобро би било истите да ги даваме на фановите“, откри Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нето даде гол, па поцрвене: Португалија со десетмина ја одбрани победата во Кардиф

Португалија го совлада Велс со 3-2 во меч со два пресврта, а последните 16 минути ги одигр…