Баерн Минхен оваа сезона е во резултатска криза, па од клубот најавија дека на крајот на сезоната ќе има големи промени во играчкиот кадар.
Јасно е дека на баварскиот гигант му претстои смена на генеранции, но покрај ветераните ќе си заминат и уште некои други ѕвезди кои не се вклупуваат во концептот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Еминентниот „Кикер“ пренесува дека Баерн Минхен донел одлука да не го откупува Хамес Родригез, па на крајот на сезоната ќе го врати во Реал Мадрид.
Колумбиецот пристигна на двегодишна позајмица, а Баерн има опција да го откупи неговиот договор за 45 милиони евра, но тоа нема да го направи.
Хамес следното лето ќе се врати во Реал Мадрид, но прашање е дали ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“. Како најсериозен кандидат за неговиот потпис во моментов се споменува Јувентус.
Il #Bayern non è convinto: James Rodriguez può tornare al #RealMadrid ? https://t.co/yn4O7HNw0T
— Goal Italia (@GoalItalia) November 15, 2018