Дома Фудбал Матиќ: Да ми понудеше Звезда, ќе играв без пари

Матиќ: Да ми понудеше Звезда, ќе играв без пари

Репрезентативецот на Србија, Немања Матиќ во средата одржа предавање во Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад.

Во преполниот амфитеатар фудбалерот на Јунајтед зборуваше за своите почетоци, неуспешните обиди во Звезда и Партизан и за репрезентативната кариера.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Матиќ рече дека со фудбал почнал да се занимава од пет години, но до 12 години играл фудбал, а потоа почнал сериозно да тренира. Како младинец, не успеа да се пробие во Звезда и Партизан, каде проценија дека не е квалитет за нив, а една од неостварените желби му била да заигра за црвено-белиот дрес.

„Звезда ми беше сон. Некој да ми понудеше да играм бесплатно таму во наредните 10 години, без размислување ќе прифатев.“ – изјави Матиќ.

Одигра голем број натпревари за Бенфика, Челси, Јунајтед, репрезентацијата на Србија, а еден пораз посебно тешко му паднал.

„Натпреварот кој најтешко ми падна во кариерата е со Швајцарија на Светското првенство. Долго се опоравувавме од тој пораз.“ – призна Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дел Пјеро удри по Интер: Тоа не им требаше!

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, јавно го критикуваше тренерот на Интер, Кристи…