Капитенот на шпанската репрезентација Серхио Рамос на вчерашната пресконференција на својата репрезентација пред дуелот со Хрватска кратко ги прокоментира неодамна кажаните зборови од Ловрен против него.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Да потсетиме, Ловрен неодамна изјави дека Рамос греши повеќе од него, но дека тоа луѓето не го приметуваат бидејќи Реал победува, а капитенот на Реал и Шпанија не остана должен.
„Не сакам никој да критикувам или да одговарам на такви фрустрирачки коментари. Некои луѓе само сакаат да бидат на насловните, а јас сум таков каков што сум. Мило ми е што тренерите имаат само добри зборови за мене и што имаат верба.“ – изјави Рамос.
Да потсетиме, Шпанија пред два месеци на домашен терен ја порази Хрватска со 6:0, а утре на Максимир хрватите ќе се обидат да им се осветат.