Добро познато е дека големите фудбалските клубови издвојуваат цело богатство за платите на своите најдобри фудбалери, а најмногу на плати на своите фудбалери троши Барселона.
Најновите податоци покажуваат дека славниот клуб од Каталонија за плати на своите фудбалери минатата сезона издвоил вртоглави 487 милиони евра, што е за 43% повеќе во однос на претходната година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Објавените податоци се однесуваат на сезоната 2017/2018, а 15% од сумата од 487 милиони евра оди за плата на само еден фудбалер во Барселона, секако тоа е Лионел Меси.
Барселона така во изминатата година потроши 92 милиони евра повеќе од својот најголем ривал и дури 476 милиони повеќе од Џирона која најмалку ги плаќа своите фудбалери во Примера. Разликата помеѓу врвот и дното во Шпанија никогаш не била поголема, а треба да се истакне и дека Барселона и Реал се лидери кога се прашање и останатите европски гиганти.
Зад шпанските гиганти следуваат двата клуба од Манчестер, а петорката се затвара со Пари Сен Жермен.
ТОП 15
Барселона 487 милиони евра
Реал Мадрид 395 милиони евра
Манчестер Јунајтед 337 милиони евра
Манчестер Сити 296 милиони евра
Пари Сен Жермен 272 милиони евра
Баерн Минхен 265 милиони евра
Јувентус 259 милиони евра
Челзи 256 милиони евра
Ливерпул 241 милиони евра
Арсенал 232 милиони евра
Борусија Дортмунд 187 милиони евра
Атлетико Мадрид 178 милиони евра
Интер 156 милиони евра
Тотенхем 148 милиони евра
Лестер 131 милион евра