Шпанскиот фудбалер Иско во последните неколку натпревари не е дел од стартниот тим на Реал Мадрид кој конечно се разбуди после лошото влегување во сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако важи за еден од најдобрите играчи на „кралевите“ се почесто се наоѓа на клупата, а шпанските медиуми тврдат дека тоа е поврзано со губењето на неговата форма.
Всушност пред неколку месеци Иско го оперираше слепото црево и очигледно се уште не се вратил во форма, Шпанците тврдат дека тоа се забележува и по неговиот изглед.
Наводно во меѓувреме Иско додал неколку килограми и во овој момент не е во потребната форма, а од клубот веќе му забележиле.
Иско во наредниот период ќе го засили темпото на тренинзи и се очекува наскоро да се врати на потребната тежина.
https://www.youtube.com/watch?v=du8oRCNyQG0