Јапонскиот тенисер Нишикори го доживеа најтешкиот пораз во кариерата, откако на Мастерсот во Лондон беше декласиран од Кевин Андерсон со резултат 6:0 и 6:1.
Во претходното коло Нишикори го победи фаворизираниот Федерер, но денес не личеше на себе и го доживеа најтешкиот пораз во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Андерсон за нешто повеќе од еден час игра му допушти само еден гем на Јапонецот и победи со 6:0 и 6:1.
Во вториот дуел вечерва од оваа група, Федерер ќе игра против Тием и ќе нема право на грешка доколку сака да се најде во полуфиналето.
BIG KEV WITH A BIG MARGIN OF VICTORY ?@KAndersonATP demolishes Nishikori 6-0 6-1 to take control of Group Lleyton Hewitt at the #NittoATPFinals! pic.twitter.com/0nbRzoPX2Z
— Tennis TV (@TennisTV) November 13, 2018