Дома Фудбал Останато Претседателот на Бешикташ: Кариус е голем голман, не сакаме да го вратиме

Претседателот на Бешикташ: Кариус е голем голман, не сакаме да го вратиме

Oва секако ќе ги израдува навивачите на Ливерпул.

После катастрофалните грешки кои ги направи финалето од Лигата на шампионите минатата година, Лорис Кариус беше ставен на столбот на страмот.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Потоа беше јасно дека Клоп нема да смета на него, па ова лето го напушти клубот.

Проблемот настана кога „црвените“ не успеаа да пронајдат клуб кој сака да го доведе, а во последен момент се појави Бешикташ кој го позајми до крајот на сезоната.

На Кариус и таму не му оди баш најдобро, стандарден е, но и на неговиот клуб не „цветаат рози“, а самиот голман направи и неколку киксови.

Сепак, покрај тоа претседателот на турскиот гигант Фикрет Орман е задоволен од настапите на Кариус.

„Кариус е голем голман, не сакаме да го вратиме во Ливерпул. Него му беше потребно само време и ништо дтуго“, истакна Турчинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милевски: Ова реми нема да ни значи ништо доколку не победиме против Казахстан

Македонската фудбалска А репрезентација во Скопје ремизираше 1:1 против Белгија во квалифи…