Хрватскиот капитен Лука Модриќ ја освои наградата за најдобар играч и од реномираниот сајт „Goal“.
„Goal 50“ e награда која се доделува секоја година и ги рангира најдобрите 50 играчи во светот. Најдобрите ги бираат уредниците и новинарите на „Goal“ од 42 земји во светот. Како параметри се земаа формата на играчот, како и успесите со клубот и репрезентацијата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Модриќ така се наоѓа на првата позиција зад него е Кристиано Роналдо, трет е Мохамед Салах, четврти Килијан Мбапе, додека најдобрата петорка ја затвара Меси.
Luka Modric looks so happy receiving his #Goal50 award ? pic.twitter.com/vsVZhGY4ap
— Goal (@goal) November 13, 2018
За играчот за врска на Реал Мадрид ова е година од соништата. Ќе потсетиме претходно ги освои наградите за најдобар во Европа од УЕФА, како и од ФИФА, но и беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија ова лето.
Круна на се би било освојувањето на „Златната топка“ која ја доделува „Франс Фудбал“ за која Модриќ е еден од главните фаворити.
Modric beats Ronaldo & Salah to win Goal 50 https://t.co/3oG4MVVt0h pic.twitter.com/oAbcNNhtIs
— Goal Tanzania (@GoalTanzania) November 13, 2018