Манчестер Јунајтед оваа сезона под водство на Жозе Мурињо руши негативни рекорди.
Дали конкуренцијата е многу посилна или едноставно Манчестер Јунајтед помалку квалитетен во однос на претходните години, оставаме на вас да процените.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, бројките не лажат. Манчестер Јунајтед никогаш во последните 40 години немал полоша гол-разлика. Не само тоа, Јунајтед во овој момент е на осмата позиција и зад водечкиот Манчестер Сити заостанува 12 бодови.
Она што го знаеме е дека Мурињо својата фудбалска филозофија ја базира на одбраната, но неговиот тим досега прими 21 гол. Манчестер Сити и Ливерпул примија по пет.
После 12 натпревари во сезоната Манчестер Јунајтед има негативна гол разлика (-1), што е прв пат во последните 40 години. Само на еден натпревар „ѓаволите“ не примија гол, а тоа беше против Фулам кој е последен на табелата.
Не е тоа се, Манчестер Јунајтед претходно својата игра ја базираше на брзи пасови, но сега тоа не е случај бидејќи имаат проблем со поседот. После 12 минути во натпреварот против Манчестер Сити маа само пет точни додавања, што е навистина смешно и за далеку послаби клубови.
Очигледно во Манчестер Јунајтед нешто мора да се менува.