Дома Фудбал Шпанците јасни: Меси издоминира во последната сезона на Роналдо во Примера

Шпанците јасни: Меси издоминира во последната сезона на Роналдо во Примера

Шпанците многу јасни.

Скоро една деценија траеше трката помеѓу Лео Меси и Кристиано Роналдо околу тоа кој е најдобар фудбалер на Пиринеите.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Јасно, тие ја водеа битката и на меѓународно ниво, но навивачите на Ла Лига имаа привилегија да ги гледаат и во првенството.

Изминатото лето, Роналдо се пресели во Јувентус, а Примера сега ги објави наградите за Пичичи (најдобриот стрелец) и Алфредо Ди Стефано (МВП на сезоната) за изминатата сезона.

Двете признанија ги доби Меси кој со Барселона ја освои двојната круна и постигна неверојатни 38 погодоци во 42 настапи во шпанското првенство.

Од друга страна Роналдо застана на бројката од 26 погодоци во 27 настапи, притоа со Реал не освои ништо во Шпанија, па може да се каже и дека тоа што Меси ја освои наградата не е неочекувано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битка помеѓу Њукасл и Ливерпул: Трансфер од 100 милиони евра може да доведе до уште поголем договор!

Актуелниот англиски шампион Ливерпул, иако веќе инвестираше 212 милиони евра ова лето за з…