Дома Трансфер зона „Бомба“: Јувентус спрема сензационален трансфер!

„Бомба“: Јувентус спрема сензационален трансфер!

Јувентус оваа сезона игра фантастично во Серија А, додека во Лигата на шампиони иако доживеа непријатен пораз се уште е лидер во групата.

Меѓутоа, раководството на „старата дама“ сака дополнително да го засили тимот и тоа уште во летниот преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека „бјанконерите“ сакаат да го вратат Артуро Видал во клубот, што предизвика различни реакции кај навивачите.

Од една страна Видал е сакан бидејќи со голем успех ги бранеше боите на Јувентус, но самиот инсистираше да биде продаден кога замина во Баерн.

Чилеанецот сега не е задоволен во Барселона каде добива мала минутажа и сака да го напушти клубот уште во јануари, а враќање во Италија за него би била идеална опција.

Јувентус е заинтересиран да го врати бидејќи може да стигне до потписот за пристојна цена, притоа на Видал нема да му треба долго време за адаптација и може да биде големо засилување во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…