Марко Верати е еден од најдобрите плејмејкери во Европа и многу клубови би сакале да го видат во своите редови.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Интерес за Италијанецот покажуваат Јувентус, Интер, Барселона, Баерн Минхен и Реал Мадрид, но сепак тешко ќе биде да се убеди богатиот Пари Сент Жермен да ја пушти својата ѕвезда.
Доколку им се верува на медиумите во Франција, ПСЖ го цени Верати на 85 милиони евра и воопшто нема да разгледува понуди со сума пониска од наведената.
24-годишниот играч за врска има договор со „светците“ до 2021 година и тие ќе направат се за да го задржат на „Паркот на принцовите“, но можно е самиот Верати да побара трансфер.
Доколку тоа навистина се случи, тогаш ПСЖ за неговата слобода ќе бара најмалку 85 милиони евра, па останува да видиме дали некој од споменатите клубови е спремен да ја плати оваа сума.