Дома Фудбал Англија Клоп лут на Англичаните: Црвена Звезда не е Марибор, престанете да споредувате

Клоп лут на Англичаните: Црвена Звезда не е Марибор, престанете да споредувате

На конференцијата на Јирген Клоп пред натпреварот на Ливерпул со Фулам најмногу се зборуваше за натпреварот против Црвена Звезда во Лигата на шампионите.

Tренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на неколку пати изгледаше како да го губи трпението, а Англичаните не можат да се помират со тоа дека големиот Ливерпул го сруши екипа која пред две недели ја прегази на „Енфилд“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Во вторникот доживеавме голем удар кој не го очекувавме, никој не очекуваше таков резултат и игра, но ова е фудбал и се случуваат такви работи. Одигравме лош натпревар и сите се согласуваме со тоа. Со сета почит, Црвена Звезда не е Марибор од минатата сезоната и престанете да ги споредувате. Звезда играше со тројца позади и зад себе имаше фантастична публика. Тоа беше многу поинаков натпревар од оној на „Енфилд““, изјави Клоп за англискиот медиуми.

Ливерпул натпреварот со Фулам го игра овој викенд со почеток во недела во 13:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…