Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Победа станува кошмар за Шкеднија, „Пандевци“ ја оправдаа фаворитската улога

Куп на Македонија: Победа станува кошмар за Шкеднија, „Пандевци“ ја оправдаа фаворитската улога

Денес со почеток од 13:00 часот се одигра натпреварите од Купот на Македонија во кои победи забележаа екипите на Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров, Победа и Беласица.

Екипата на Победа се покажа оваа сезона како незгоден противник за бранителот на титулата Шкендија и втор пат оваа сезона успеа да ја победи Шкендија во Тетово.

Прилепчани славеа 0:1 во четвртфиналето од Купот на Македонија, претходно во првенството овој Победа славеше над Шкендија со 0:2.

Единствениот гол на натпреварот беше дело на Јаник Макота во 19-тата минута од средбата. Работата на фаворитот беше отежната бидејќи на стартот од натпреварот исклучување заработи Егзон Бејтулаи.

Македонија Ѓорче Петров минимално со 1:0 на домашен терен славеше против Работнички, Акамедија Пандев ја оправда фавроитската улога против Кораб победувајќи со 3:1, Беласица на гости кај Силекс славеше со 0:2.

Реванш натпреварите се закажани за 5-ти декември исто така во 13:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ѓозубујук на центарот во Скопје, Словенија доаѓа по второто место

Холандска судиска екипа ќе го води последниот дуел на Македонија во групната фаза од Лигат…