Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино синоќа доживеа нешто што не му се случило цели пет години како менаџер на Спарси.
Во натпреварот со ПСВ при резултат 0:1, Покетино во 62. минута одлучи од игра да го извади Лукас Моура, што не им се допадна на навивачите на Тотенхем и го исфиркаа својот тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покетино на теренот го внесе Љоренте, кој даде голем придонес во пресвртот и победата со 2:1.
„Навивачите ги разбирам, а ова е прв пат за пет години да се одлучат да ме критикуваат бидејќи не се согласувале со мене. Но, на крајот беше 2:1.“ – започна Покетино и додаде:
„Секогаш е тешко да донесете одлука, а нормално е навивачите некогаш да бидат разочарани. Тие сакаат да играте со девет или десет напаѓачи кога губите. Се обидувавме да најдеме решение, а решението беше да го внесеме Љоренте.“
Победата над ПСВ беше прва оваа сезона во ЛШ, со која Спарси останаа во борбата за пласман во нокаут-фазата.