Легендарниот шпански фудбалер Чави Ернандез призна дека денешниот фудбал го смета за прилично досаден.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во разговор за Радио Каталоња, Чави истакна дека не му се допаѓа што повеќето клубови форсираат формација со еден истурен класичен напаѓач и што поголем број клубови бегаат од поседот на топка.
„Повеќето клубови чии натпревари ги гледам играат досаден фудбал. Многу клубови како да не сакаат да играат со топката, а напред имаат само еден напаѓач. Се повеќе се сведува на затварање на просторот и ограничување на противникот.“ – започна Чави и додаде:
„Тоа најдобро го гледаме во принципот по кој игра Атлетико Мадрид. На нив им е тешко да постигнат погодок, само се концентрирани на дефанзива кога играат против силни противници. Не ги интересира поседот, само покривање на теренот и целата нивна тактика кога играат против Барса и Реал се сведува на тоа.“
Чави сепак истакна и некои позитивни примери.
„Ми се допаѓа како игра Атлетик Билбао, но и Бетис. Тие играат со оригинални идеи и тоа е убаво. Нормално, сакам да го гледам и Манчестер Сити со Гвардиола.“