Дома Трансфер зона Ако Алегри остане, една ѕвезда сигурно го напушта Јувентус!

Ако Алегри остане, една ѕвезда сигурно го напушта Јувентус!

Веќе подолго време се шпекулира дека Макс Алегри на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус, но самиот тој вчера потврди дека сигурно ќе остане во Торино и следната сезона.

Алегри има договор со „старата дама“ до 2018 година, па доколку тој остане во Торино тоа сигурно ќе значи заминување на дефанзивецот Леонардо Бонучи.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Имено, после инцидентот двајцата ги смирија страстите, но само до лето, бидејќи јасно е дека за двајцата нема место во ист клуб. Бонучи е наводно лут на клубот затоа што не застанале позади него кога Алегри го исфрли од тимот и го потсети раководството дека поради Јуве одбил многу побогати понуди минатото лето.

Медиумите тврдат дека дефанзивецот следното лето сигурно ќе замине, а во трката за неговиот потпис се Реал, Челзи и Манчестер Сити. Цената на трансферот ќе изнесува околу 60 милиони евра, што значи дека Италијанецот заедно со Давид Луиз ќе стане најскап дефанзивец во историјата.

Јувентус нема да се противи на неговото заминување бидејќи веќе го има Ругани кој од натпревар во натпревар е се подобар и веќе го обезбеди потписот на Матиа Калдара кој важи за еден од најперспективните стопери на Апенините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо му поставил услов на Перез, доаѓа во „пакет“ со ѕвезда од 100 милиони

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…