Дома Трансфер зона Торган Азар ги откри плановите на Еден, кои нема да му се допаднат на Реал

Торган Азар ги откри плановите на Еден, кои нема да му се допаднат на Реал

Белгијскиот фудбалер Еден Азар веќе долго време се поврзува со Реал Мадрид, а тие шпекулации добија интензитет откако Сантијаго Бернабеу го напушти Кристијано Роналдо.

Сепак, се чини дека Азар нема да потипиша за Реал барем во скоро време, ако се земе предвид изјавата која ја даде неговиот помлад брат Торган кој настапува за Борусија Менхенгладбах.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Еден направи вистински потег кога одлучи да остане во Челси. Сега таму му е добро, додека Реал минува низ тежок период и прашање е како би се одразило тоа на него.“ – изјави Торган и додаде:

„Тренерот замина, клучни играчи заминаа.. Потребна им е реконструкција и тоа целосна. Мислам дека Еден ќе го сочека крајот на сезоната и тогаш ќе донесе било каква одлука.“

Еден Азар моемнтално е водечки стрелец во ПЛ со седум постигнати погодоци, исто колку има Агуеро и Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Селекторот на Англија Томас Тухел објави список од 35 фудбалери на кои ќе се потпира за пр…