Дома Фудбал Жоргињо открива што Маурицио Сари не прави никогаш за време на еден натпревар

Жоргињо открива што Маурицио Сари не прави никогаш за време на еден натпревар

Маурицио Сари е навистина необичен тренер и во Англија го обожаваат, токму затоа што „не е како другите“.

Италијанскиот стратег го превзема Челзи минатото лето и од овој клуб направи машина која е тешко да се запре. Фудбалот на Сари се основа на кратки и чести пасови, за врз проток на топка.

Жоргињо кој со Сари соработуваше и во Наполи за медиумите откри интересна работа поврзана со Италијанецот.

„Многу е лесно да го разберете. Тој нема тајни, едноставен човек е, но има свои убедувања и суеверија. Пример, никогаш за време на натпреварот не ја допира топката. Дури и кога губиме, тој нема да ја земе топката и да ни ја додаде. Нема шанси да го направи тоа, бега од неа“, откри Жоржињо.

Сари очигледно верува во нешто „посилно“, па така и своето претставување кое требаше да биде на петок 13-ти го одложи за еден ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ричардс го отпиша Ѓокереш? „Арсенал мора да бара повеќе голови“

Мика Ричардс смета дека Ѓокереш добил доволно шанси, но не ја оправдал довербата. Според н…