Дома Фудбал Лига на шампиони Британски „Тајмс“: Ливерпул може да го изостави Шаќири за гостувањето во Белград

Британски „Тајмс“: Ливерпул може да го изостави Шаќири за гостувањето во Белград

shaqiri

Во Англија, барем така тврди „Тајмс“ добро ја анализирале целата ситуација и потенцијалните проблеми.

Изгледа дека во Ливерпул се добро запознаени со ситуацијата и пречекот кој во Србија го спремаат за Џердан Шаќири, па за да овој натпреварот не го претворат во нешто што нема врска со фудбалот наводно размислуваат да го изостават фудбалерот од средината за оваа средба.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шаќири се обидуваше да ја смири ситуацијата, најавуваше дека не го интересира политиката и дека оди во Белград да игра фудбал, но „Маракана“ сигурно нема да му ја „прости“ прославата на голот на Мундијалот.

Поради ваквата ситуација британски „Тајмс“ тврди дека Шаќири би можел да биде изоставен за гостувањето во Белград.

Шаќири беше еден од најдобрите во победата на Ливерпул во гостувањето на Звезда на „Енфилд“. На теренот разменуваше пцовки со ривалот, но тоа не е нешто што не се гледа и на други места.

Провокациите како онаа на Мундијалот се нешто друго и никој не може да гарантира дека во случај да постигне гол во Белград нема да го направи истото, а во тој случај последиците би можеле да бидат преголеми.

Како и да е останува да го почекаме конечниот список, па да видиме што одлучил Јирген Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Италија нема да има 10 екипи во Европа следната сезона

Се до вчерашниот натпревар помеѓу Каљари и Фиорентина кој заврши со победа на гостите од 2…