Дома Фудбал Пандев до навивачите на Интер: Ви благодарам, повторно допревте до моето срце

Пандев до навивачите на Интер: Ви благодарам, повторно допревте до моето срце

Горан Пандев вчера со Џенова гостуваше кај Интер во рамките од италијанската Серија А.

Пандев беше стартер за Џенова и одигра пеесетина минути. Во моментите кога беше заменет со Криштоф Пиатек 60.000 навивачи на „Џузепе Меаца“ го поздравија со овации.

После овој гест Пандев им се заблагодари преку неговиот Инстаграм профил.

„Разочаран сум поради поразот, но сакам да се заблагодарам на навивачите на Интер за покажаната љубов и топлото добредојде. И после толку години, повторно допреа до моето срце“, стои во објавата на Пандев.

Ќе потсетиме, Пандев беше дел од тимот на Интер кој во 2010 година освои „триплета“ (Лига на шампиони, Куп на Италија, Серија А).

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед ја совлада Рома, Фернандеш порача: Има уште работа

Победата од 3:2 му донесе радост на Бруно Фернандеш, но играчот за врска предупреди дека М…