Вчерашните информации кои ги пласираа некоку еминентни медиуми меѓу кои и „Шпигел“ предизвикаа вистински земјотред во фудбалскиот свет.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, се појавија тајни документи на „Football Leaks“ кои откриваат дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино им помагал на ПСЖ и Манчестер Сити да направат измама околу Финансискиот фер-плеј.
Денес Светската куќа на фудбалот преку официјално соопштение го заштити Инфантино и тврди дека ова е обид да се поткопа новото раководство.
„Пред четири неделе група новинари испратија стотици прашања до ФИФА. И покрај фактот што одговаравме на прашањата кои ни беа поставени, јасно и чесно, определени медиуми решија да игнорираат повеќе наши одговори со цел да се искриват фактите и да се дискредитира новото раководство на ФИФА.Основната цел на медиумите е да го поткопа новото раководство на ФИФА и да фрли сенка на претседателот Џани Инфантино“, стои меѓу другото во соопштението.
FIFA Statement: https://t.co/20fPHx4j4K
— FIFA Media (@fifamedia) November 2, 2018