Не, не е лош виц – Барселона го нуди Малком на Рома!
Барем така тврди „Кориере дело Спорт“, Бразилецот изгледа се покаја што потпишал за Барселона, но искрено не веруваме дека би прифатен во Рим после она што се случуваше изминатото лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, Рома тогаш практично објави дека Малком е нивни нов играч, а навивачите дури се појавија и на аеродромот каде што го чекаа да пристигне. Меѓутоа тој не се појавил бидеќи во „5 до 12“ Барселона испратила понуда, па тој го сменил мислењето
Малком игра навистина малку, доби шанса во купот против третолигашот Леонеса, одигра 80 минути и не направи ништо. Ернесто Валверде изгледа не смета премногу на него, но Барса ја разгледува опцијата да го позајми.
Бразилецот не е истиот играч од минатата сезона кога за Бордо на 35 натпревари постигна 12 погодоци и запиша седум асистенции. Можеби Рома ќе беше подобра опција затоа и што ќе беше во прв план.
Сега постои шанса да го фати авионот за Рим, но работите не се исти…