Aмериканскиот инвестиционен фонд откако го доби Милан да заработи од „росонерите“, па јасно е какви се нивните намери.
Стигна и потврдата, инвестициониот фонд „Елиот“ кој го одзема клубот од мистериозниот Кинез поради долгот од 300 милиони евра, одби да заработи и тоа двојно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не се баш 300 милиони, бидејќи тие од доаѓањето во клубот вложуваа во нови играчи и исплаќаа плати, но изгледа сакаат да останат во Милан.
Тие ја одбиле понудата од чешкиот милијардер, Даниел Кретински, деветиот најбогат човек во Чешка. Неговата понуда изнесувала 600 милиони евра за купување на Милан кој во овој момент реално според долговите и резултатите не вреди толку.
Сепак, покрај тоа Американците не сакале да преговараат, иако се претпоставуваше дека се тука само за да го продадат Милан. Тие очигледно гледаат потенцијал.
Ја променија управата, вратија неколку легенди и изгледа дека се на добар пат. Милан игра променливо оваа сезона и после 10 кола се наоѓаат на четвртата позиција.
Целта е јасна – влез во Лигата на шампионите.
Пари имаат и тоа не е спорно, па кој знае, можеби ова е и најава за подобри денови за еден од најголемите клубови во светот.