Aнглиските обложувалници значително го намалија коефициентот за потенцијален трансфер на напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино.
Овој 27 годишен фудбалер на Ливерпул во последно време се поврзуваше со трансфер во Барселона, а според обложувалниците на Островот тоа не е невозможно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Коефициентот за трансфер на Фирмино доживеа голем пад. Од 7 коефициентот за трансфер на Фирмино падна на 5.5, а наводно се очекува до јануари и дополнително да се намалува.
Фирмино во Ливерпул пристигна во 2015 година од редовите на Хофенхајм за 29 милиони фунти, а неговиот договор со англискиот гигант има важност до летото 2022 година.
Обложувалнците не грешат често, па после ова не би било големо изненадување доколку членот на Ливерпул одлучи да го напушти „Енфилд“.
https://youtu.be/pAgBKw_LuQw