Јулиен Лопетеги си замина од Реал Мадрид, а него го наследи Сантијаго Солари кој засега е тука како привремено решение.
За клупата на Реал Мадрид дого време за фаворит важеше Италијанецот, Антонио Конте. Медиумите во Шпанија скоро и да беа убедени дека Конте ќе го превземе гигантот од Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, тоа не се случи. Сега поранешниот претседател на клубот, Рамон Калдерон од свои извори открива зошто не дошло до договор на релација Конте – Реал.
Според Калдерон Конте барал да донесе свои луѓе во клубот и тригодишен договор, но и да биде главен кога се трансферите во прашање. Знаејќи како работи Перез, ова последното веројатно бил најголемиот проблем.
„Колку што знам Конте барал договор на три години. Покрај тоа сакал да донесе свои пет луѓе кои ќе бидат негови соработници, а сакал да биде и главен во доведувањето и заминувањето на играчите. Сето ова било премногу и неприфатливо за Перез“, изјави Калдерон кој потоа потенцираше дека според него Конте не е тренер за Реал.
„Конте не е тренер за Реал Мадрид, тој е како Жозе Мурињо, премногу е дефанзивен“, заврши поранешниот прв човек на „кралевите“.