Дома Фудбал Англија Фотографиите од тренингот ги загрижија фановите: Дали Салах ќе биде спремен за Арсенал?

Фотографиите од тренингот ги загрижија фановите: Дали Салах ќе биде спремен за Арсенал?

Најдобриот фудбалер на Ливерпул ќе му биде на располагање на тренерот Јирген Клоп за дербито против Арсенал, иако има проблем со раката.

Според најновите фотографии од тренинг центарот на Ливерпул може да се заклучи дека Египќанецот тренира со бандажирана рака, па се појави сомнеж во медиумите дека нема да биде спремен за дербито на „Емирати“ во сабота.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Менаџерот Клоп изјави дека Салах ќе биде на располагање за мечот со Арсенал, но откри дека нема да може да смета на Хендерсон и Наби Кеита, кои се надвор од тимот поради повреда.

Салах играше со заштита на раката на последните три меча и на секој од нив постигна гол, па полека ја враќа формата од минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Циркус на повидок: ФИФА ги крши правилата, Италија ќе добие шанса за Светското првенство?

ФИФА е под голем притисок, а причината е репрезентацијата на Иран. Поради тековните конфли…