Дома Останати Авто Мото За лекувањето на Шумахер до овој момент се потрошени 22 милиони евра?

За лекувањето на Шумахер до овој момент се потрошени 22 милиони евра?

За животот на Михаел Шумахер после страшната повреда при скијање на француските Алпи се знае многу малку, но странските медиуми понекогаш успеваат да дојдат до некакви информации.

Популарниот Шумахер веројатно ни денес не може да оди и да зборува, но тоа се само претпоставки бидејќи никој од неговите членови на семејството не се огласил на таа тема.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак британскиот таблоид „Екпсрес“ пишува текст со наслов „Каде е Михаел Шумахер? Дали некогаш ќе биде подобро?“. Во истиот текст се наведува следното.

„Според она што го знаеме за неговата повреда, Шумахер не може да оди, ниту да зборува, но наши извори тврдат дека може да покаже емоции. Според извештаите за неговото лекување до овој момент се потрошени 22 милиони евра“, се наведува во текстот.

Од друга страна францускиот магазин „Париз Меч“ наводно има изјава на еден од членовите на неговото семејство.

„Кога ќе го седнете во инвалидска количка и свртите кон прекрасната панорама со поглед на езерото, Михаел понекогаш плаче“, наводно еден од членовите на неговото семејство им открил на новинарите на споменатиот медиум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…