Дома Фудбал Суарез искрен: Знам дека Барселона ми бара замена

Суарез искрен: Знам дека Барселона ми бара замена

Ништо повеќе не е како претходно, Луис Суарез повеќе нема адреналин. Но, не смееме да го отпишуваме го покажа тоа во „Ел Класико“.

И покрај одличниот настап против Реал Мадрид, Суарез е свесен дека Барса му бара замена.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Знам, многу сум реален. Потребен им е нов центарфор, имам 31 година, природно е да гледаат во иднината. Но, се уште не ме отпишувајте“, изјави „Ел Пистолеро“.

Многу му замеруваа за слабиот почеток на сезоната, но во „Ел Класико“ покажа дека кога го нема Меси е спремен да го носи тимот на својот „грб“.

Потоа Суарез зборуваше за ВАР.

„Го нема повеќе она боженствено чуство, адреналин кога ќе постигнеш гол, прво гледаш кон судијата, чуството се губи. Кога ќе го потврди голот, веќе не е исто, не се радуваш така“, објасни Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го засилува тимот со бразилскиот напаѓач за 58 милиони евра

Челзи постигна договор со Брајтон и Жоао Педро ќе стане нов член на “Сините”. …