Англија се уште тагува поради трагичната несреќа во која животот го загуби првиот човек на Лестер, Вичај Шривадханапраба.
Потпретседателот на Лестер, Аијават Шривадханапраба, кој е син на трагично починатиот Вичај посвети емотивно писмо до својот татко кое го објави на социјалните мрежи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ми недостасува мојот татко. Сакам да се заблагодарам на навивачите за бројните пораки на поддршка кои ги примив овие денови. Можам да ви ветам дека ќе направам се за да продолжам онаму каде што застана тој. Ќе ја продолжам неговата визија. Премногу сум горд што имав таков татко. Тој ме научи на се, на сите вредности. Ќе бидам силен и ќе го чувам семејството“, порача потпретседателот на Лестер.
Во трагичната несреќа освен Шривадханапраба животот го загубија уште четири лица, тајландската мисица Нурсара Сукнами, соработникот на Вичај Кавепорн Пунпаре и двајцата пилоти.