Претседателот на шпанската лига, Хавие Тебас истакна дека му се допаѓа идејата за именување награда во чест на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.
Според негово мислење Лионел Меси е најдобар во историјата на фудбалот, па и токму затоа е отворен за еден трофеј да го носи неговото име.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Петкратниот добитник на „Златната топка“, е водечки стрелец во Ла Лига со 390 постигнати погодоци, а освен тоа освои и девет титули во шпанското првенство.
Тебас сака да покаже почит кон 31-годишниот фудбалер исто како што спортските медиуми именуваа награди во чест на легендарните играчи како што се Телмо Зара, Рафаел „Пичичи“ или Рикардо Замора.
Запрашан за трофеј, „Лионел Меси“, Тебас одговори:
„Ја сакам таа идеја, мораме да размислиме за истата. Мислам дека Меси ќе биде најдобар играч во историјата, според мене веќе е тоа. Некои луѓе зборуваат за Нејмар, но тој 26 години. Колку што се сеќавам Меси започна да игра за Барселона многу помлад, а нас се уште не изненадува. Ми изгледа како за него да не постојат граници и дека игра на максимално ниво“.
„Мислам дека е одлична идеја за трофејот за најдобар играч во сезоната да го носи името по Лео Меси. Ако Зара е за најдобриот стрлец…Тоа е одлична идеја“, изјави Тебас.