Дома Фудбал Англија Играчите на Лестер ќе одлучат дали ќе го играат натпреварот против Кардиф

Играчите на Лестер ќе одлучат дали ќе го играат натпреварот против Кардиф

Овие денови владее голема тага во Лестер откако во падот на хеликоптерот загина сопственикот на клубот, а вчера фудбалерите му оддадоа почит пред стадионот.

Покрај семејството, се чини дека оваа трагидија најмногу ги погоди Варди и Шмајхел кои не можеа да ги задржат солзите. Пред играчите оваа недела се два натрпевари, но се уште не е познато дали се способни да играат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Она што е сигурно е дека натпреварот во Карабао купот против Саутемптон која беше на распоредот за вечерва нема да се одигра, а во прашање е и одигрувањето на натпреварот од 11. коло во ПЛ против Кардиф. Одлуката за тоа дали овој натпревар ќе се одигра ќе ја донесат фудбалерите, откако добија слобода од клубот да донесат конечна одлука.

Челниците на клубот порачаа дека ќе ја почитуваат нивната одлука каква и да биде, а исто така иста порака стигна и од нивниот ривал Кардиф. Конечната одлука би требало да биде позната во наредните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…