Дома Трансфер зона Милан и Барса го сакаат дефанзивецот на ПСЖ

Милан и Барса го сакаат дефанзивецот на ПСЖ

Француските медиуми пренесуваат дека Милан и Барселона се сериозно заинтересирани за десниот бек на Пари Сент Жермен, Серж Орие.

Орие оваа сезона не добива голема минутажа кај тренерот Унаи Емери и готово сигурно ќе ја промени средината на лето, а Милан и Барселона покажуваат најголем интерес за него.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


24-годишниот дефанзивец пристигна во 2015 година во ПСЖ од Тулуз како еден од најдобрите десни бекови во лигата, но оваа сезона падна во втор план.

Неговата цена изнесува околу 10 милиони евра, а „Екип“ тврди дека Барселона и Милан веќе ги направиле првите контакти со неговиот агент. Сепак за Каталонците Орие е втора опција, доколку не успеат во намерата да го донесат Белерин од Арсенал.

Орие е репрезентативец на Брегот на Слоновата коста и веќе има запишано 39 настапи за африканската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо му поставил услов на Перез, доаѓа во „пакет“ со ѕвезда од 100 милиони

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…