Реал Мадрид денес е поразен од Барселона во „Ел Класико“ со убедливи 5:1, што е веќе трет пораз во низа оваа сезона во Ла Лига.
После натпреварот секако со нетрпение се чекаше изјавата на тренерот на Реал Мадрид, Јулиен Лопетеги за кого многумина веруваа дека ќе добие отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сите знаеме како функционираат работите во фудбалскиот свет и дека на крајот одговорноста е на тренерот. Не сум глуп. Но сите ние тука победуваме заедно и губиме заедно. Се уште мислам дека сме во рана фаза од сезоната и дека на крајот од сезоната во Мадрид ќе се слави“
„Се чуствувам тажно во овој момент, но со голема желба да останам во овој клуб. Ова е тежок пораз, но јас сум доволно силен да ја свртам работата во моја корист. Пред нас е долг пат, имам многу доверба во овие играчи“, изјави Лопетеги после потпот на „Ноу Камп“.
Останува да видиме дали Флорентино Перез се сложува со неговите зборови.