Фудбалерот кој според голем број медиуми имаше скоро договорен трансфер во Лондон, сепак би можел да заврши во Мадрид.
На почетокот на неделата се појави информација дека Тотенхем постигнал договор со колумбискиот играч за врска од редовите на Бока Јуниорс, Вилмар Бариос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој Колумбиец има 25 години и за Бока игра од 2016 година, а во дресот на репрезентацијата запиша 17 настапи.
Наводно, неговите претставници веќе имале постигнато договор со Спарсите, се било спремно за реализација на трансферот и англискиот клуб бил спремен да ја плати откупната клазула во износ од 23 милиони евра.
Но, кога Реал се вклучил во трката работите малку се промениле. Според информациите, Реал Мадрид го следел колумбискиот репрезентативец во Копа Либертадорес и нивните скаути биле презадоволни од она што тој го покажал.
Како и да е се очекува Бариос да ја промени средината веќе во јануари, а каде ќе заврши останува времето да покаже.