Дома Фудбал Станковиќ за гестот на Мурињо: Не направи ништо погрешно, ние освоивме, Јувентус не

Станковиќ за гестот на Мурињо: Не направи ништо погрешно, ние освоивме, Јувентус не

Поранешниот фудбалер на Интер Дејан Станковиќ кој со „нероаѕурите“ освои „триплета“ го прокоментира гестот на Жозе Мурињо во натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите.

Имено, Мурињо после провокациите од страна на навивачите на Јувентус покажа три прсти со кои им испрати јасна порака – тој со Интер има „триплета (Куп, Лига на шампионите ,Серија), тие се уште немаат.

Дејан Станковиќ беше учесник во тој историски успех на италијанскиот клуб, а сега го оправда гестот на Португалецот.

„Симпатичен е, јасно е што мислеше, не покажа ништо погрешно – ние освоивме, Јувентус. Точно е дека се силни оваа сезона и имаат шанси, на мене ми останува да се надевам дека Интер повторно ќе ја освои Лигата на шампионите пред Јувентус“, изјави легендарниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не сакал карантин пред мечевите: Бенатија откри како реагирал Алегри

Португалецот побарал помош од Бенатија за да ја избегне ноќта во карантин пред натпреварит…