Антонио Конте е главна тема во сите спортски медиуми веќе подолго време бидејќи се поврзува со тренерските клупи на Милан и Реал Мадрид.
Се поглесни се шпекулациите дека Конте ќе седне на една од овие две клупи, особено поради фактот што Гатузо и Лопетеги се наоѓаат пред отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес во медиумите се појави вест дека Конте постигнал договор со Челзи за раскинување на договорот и дека е слободен да седне на кормилото на „Сантиаго Бернабеу“.
Меѓутоа, неговиот брат и агент Даниеле категорично негираше дека добил било каков повик од Реал Мадрид и Милан.
„Не постојат никакви контакти ни со Реал Мадрид, ниту со Милан, Антонио во моментов е на одмор во Египет и јас како негов агент не добив никаков повик“, изјави Даниеле.
„Исто така сакам да потенцирам дека Конте нема никакви обврски кон Челзи. Ние го чекаме исходот од нашата тужба, адвокатите работат на тоа“, додаде братот и агент на Конте.
Conte’s brother-agent: “There haven’t been contacts neither with Real Madrid nor Milan. My brother is in vacation in Egypt, I haven’t received important calls. I am his only representative, only what I refer to matters.” pic.twitter.com/kg1BentO78
— Milan Eye (@MilanEye) October 26, 2018