Дома Топ вести Како ќе изгледа Реал за „Ел Класико“ и која е главната дилема на Лопетеги!?

Како ќе изгледа Реал за „Ел Класико“ и која е главната дилема на Лопетеги!?

Реал Мадрид поминува низ лош период и нема победа на последните четири меча во Примера, па „Ел Класико“ е вистински момент тимот на Лопетеги да покаже дека е се уште жив.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Победа над најголемиот ривал би значело крај на кризата и конечна радост на навивачите кои се разочарани. Лопатеги е на голем испит и ако не го положи веќе од понеделник би можел да биде бивши.

Во меѓувреме прашање е каков тим ќе изведе против Барса на „Камп Ноу“?

Карвахал сигирно ќе го пропушти големото дерби и на негово место би требало да биде Начо во стартниот тим. Добра вест за „кралевите“ е што Марсело најверојатно ќе биде спремен за игра.

Средниот ред ќе го сочинува стандардната тројка, Каземиро, Крос и Модриќ, десно ќе игра Бејл, напред Бензема, а кој ќе игра лево е најголемата дилема на Лопетеги.

Тоа би можел да биде Марко Асенсио или Иско, а не е исклучено на таа позиција да стартува Лукас Васкез.

Лопетеги едноставно мора да го направи вистинскиот избор, а за тоа му остануваат само уште два дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Атлетико Мадрид договори шпански репрезентативец

Атлетико Мадрид го договори пристигнувањето на левиот бек на Бајер Леверкузен Алехандро Гр…