Дома Фудбал Лига на шампиони Избран играчот на колото во Лигата на шампионите

Избран играчот на колото во Лигата на шампионите

Oдличниот настап против ЦСКА Москва на напаѓчот на Рома, Един Џеко му го донесе признанието играч на колото во третото коло во групната фаза од ЛШ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Неговата Рома со 3:0 славеше против ЦСКА, на „Олимпико“, а Џеко постигна два гола и за пиша една асистенција.

Освен Џеко во конкуренција за наградата беа Мохамед Салах од Ливерпул, Давид Силва од Манчестер и Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд, но наградата на крајот заврши во рацете на Босанецот.

Џеко како и што е вообичаено доби честитки од УЕФА која му честиташе преку својот официјален Твитер профил.

Во овој момент Џеко заедно со Меси е прв стрелец во Лигата на шампионите со по пет постигнати погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Страв од нерегуларности: Мундијалот сè поблиску, контроверзиите сè поголеми“

Да се потсетиме на сомнителниот пенал кој ПСЖ го доби на Паркот на Принцовите и оној што А…