Она што се најавуваше денес доби и официјална потврда – Интер доби нов претседател!
Во прашање е Стивен Жанг, синот на сопственикот на „нероаѕурите“, Жанг Диндонг, кој го наследи Ерик Тохир станувајќи најмалдиот претседател во историјата на клубот со само 27 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Членовите на управниот одбор ќе бидат именувани на денешниот состанок на акциониерите во клубот.
Помладиот Жанг е активен од самото доаѓање на Кинезите во клубот, па оваа одлука не зачудува премногу во прашање е само формалност и официјализирање на работата.
Новиот претседател на Интер на таа позиција ќе „дебитира“ во понеделник против Лацио.
Il club, le sue persone e la città ti stavano aspettando.
Benvenuto, Presidente Zhang.#StevenIsHere #FCIM pic.twitter.com/FUwc1c8Sx1— Inter (@Inter) October 26, 2018